Фото презентација – Хулки Муради

На 8ми Ноември, фото кино клуб Козјак ја имаше честа да биде домаќин на Хулки Муради, реномиран и познат фотограф од Турција. И покрај неговата ангажираност околу жирирањето на меѓународната изложба на уметничка фотографија Момент 2013, Хулки Муради издвои дел од своето време, да им го пренесе своето знаење и да им даде совети на присутните за успешна уметничка фотографија.

Трите презентации беа поврзани со обичаите во Турција, изработка на традиционални ударни инструменти – чинели, опис на традиционалната турска бања, а третата презентација беше поврзана со деца кои се користат за работа. Посетеноста на презентациите беше на завидно ниво, што е еден показател плус дека уметничката фотографија во Куманово и во ФКК Козјак е ценета и на некој начин е дел од секојдневието на кумановската публика.

Соработката на ФКК Козјак со истакнати фотографи од Турција продолжува и понатаму. Задоволство беше да се присуствува на предавањето што Господин Хулки Муради го одржа во клупските простории за сите заинтересирани и љубители на овој вид на уметност.